Нов проблем за Милан: Само што дојде, веднаш се повреди

Милан се соочува со огромни проблеми во нападот, Сантијаго Хименез ќе биде подолг период надвор од терените, Леао и Пулишиќ веќе заработија по неколку повреди сезонава, а сега истиот тренд го продолжи и Никлас Фулкруг.

Германецот пристигна на почетокот од годинава од Вест Хем и требаше да донесе опција плус во нападот, тој беше и стартер на последното гостување против Фиорентина, но притоа заработи повреда.

Деталните прегледи покажаа дека проблемот не е премногу сериозен, но искусниот напаѓач ќе мора да паузира најмалку две седмици, што значи дека ќе пропушти најмалку три средби на Милан во наредниот период. Тој нема да му биде на располагање на тренерот Алегри за дуелите со Комо, Лече и со Рома, а неговиот камбек може да се очекува на гостувањето против Болоња закажано за 1 јануари.

Милан моментно се наоѓа на второто место во Серија А, со три бода заостанување зад лидерот Интер.

Се вчитува...