Проблемите со повреди за Партизан продолжија и на почетокот на 2024 година. Дел од тренингот на тимот денеска не беше американскиот крилен центар Зек Лидеј и неговиот настап на утрешниот натпревар против Асвел е под знак прашалник, пренесуваат српските медиуми.
Американецот на натпреварот против Болоња добил удар во кукот кој му создава проблеми, но конечната одлука за негов настап против францускиот тим во Евролигата ќе биде донесена пред самиот натпревар.
Отсуството на Лидеј ќе биде огромен проблем за Партизан доколку се земе во обѕир дека и вториот кошаркар кој ја покрива крилната позиција, Алан Смаилагиќ не е целосно подготвен за настап.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА