Пари Сен Жермен го совлада Олимпик Марсеј со убедливи 3-0 во првенството на Франција, но плати и преголема данок за овој триумф. Во текот на мечот повреда на скочниот зглоб заработи Бразилецот Нејмар, кој беше изнесен на носилки од теренот, а по натпреварот на повреда се пожали и неговиот сонародник Маркињос. Тоа значи дека тренерот Унаи Емери ќе има многу главоболки во наредните денови и до последен момент нема да знае дали ќе ги има двајцата бразилски интернационалци за реванш натпреварот од осминафиналето во Лигата на шампионите против Реал Мадрид, кој е закажан за следниот вторник во Париз.
Маркињос по натпреварот со Олимпик Марсеј се пожалил на болки во бутниот мускул и веднаш е испратен на дополнителни лекарски прегледи. Тој сигурно ќе го пропушти куп-натпреварот против Олимпик Марсеј в среда, а тотално неизвесен е неговиот настап и за важниот меч против Реал Мадрид во Лигата на шампионите.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА