Најдобриот стрелец на Реал Мадрид, Килијан Мбапе е под голем знак прашалник за утрешниот меч против Манчестер Сити во Лигата на шампионите. Французинот денеска не тренираше со остатокот од тимот поради мала повреда на мускулот, па така за него ќе се одлучува се до пред самиот почеток на мечот.
Извори од Мадрид истакнуваат дека медицинскиот тим на „кралевите“ прават напори да го оспособат да игра, но не е познато дали ќе се најде во почетниот состав.
Ова е голем проблем за тренерот Алонсо кој е под притисок, но ако се земе во предвид дека и одбраната е ослабена, затоа што Дани Карвахал, Трент Александар-Арнолд, Едер Милитато, Дин Хујсен, Ферлан Менди и Давид Алаба не се во комбинација.
Мбапе е клучен играч во систмеот на Алонсо, а тоа го потвруваат и бројките затоа што во досегашниот тек од сезоната постигна 25 голови во сите натпреварувања.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

