Нов проблем за Реал пред дербито со Атлетико Мадрид

Реал Мадрид вечерва во Саудиска Арабија ќе се сретне со Атлетико Мадрид во полуфиналето од Суперкупот на Шпанија, меч за кој Чаби Алонсо се соочи со нов проблем по повредата на Антонио Ридигер.

Германецот неодамна се врати по пауза поради повреда, требаше да биде предводник на одбраната против Атлетико, но неговиот настап сега е крајно неизвесен откако Ридигер за време на вчерашниот тренинг се пожалил на болка во коленото. Лекарскиот тим се обидува да го оспособи искусниот дефанзивец, но шансите за негов настап вечерва се сведени на теорија.

Само за потсетување, Алонсо не може да смета ниту на Милитао и Алаба, па младите Хујсен и Асенсио ќе го сочинуваат дефанзивниот тандем против Атлетико.

Згора на тоа, нападот на Реал ќе биде ослабен поради неиграњето на најдобриот стрелец Килијан Мбапе.

Се вчитува...