Нов проблем за Реал: Се повреди и Валверде

Чаби Алонсо од самиот старт на сезонава се мачи да ја состави одбранбената линија на Реал Мадрид, а проблемите се зголемија по синоќешниот пораз на „Енфилд“ од Ливерпул.

Федерико Валверде и на овој дуел доби шанса како стартен десен бек во ситуација кога е повреден Карвахал, а Алонсо не покажува преголема доверба во Трент Александер Арнолд. Сепак, Уругваецот самит побара да биде заменет во самиот финиш од синоќешниот дуел, жалејќи се на болка во мускулот.

За утре се закажани детални лекарски прегледи по кои ќе биде појасно колку ќе изнесува паузата на овој фудбалер од терените. Во таборот на Реал се надеваат дека проблемот не е премногу сериозен, Валверде сигурно ќе го пропушти дуелот со Рајо Валјекано викендов, по што би се вратил по репрезентативната пауза.

Се вчитува...