Ред Бул се мачи на последните трки да се носи со брзината на противничките болиди, што придонесе предноста на Макс Ферстапен од недостижна да падне на само 47 бода, на четири трки и два спринта до крајот.
Следна на програмата е трката за ГН на Бразил, на која Ферстапен ќе добие казна уште пред воопшто да биде стартувана. Причина – тимските шефови на Ред Бул проценија дека мора експресно да се реагира и да се направи промена во дел од моторот, што автоматски повлекува казна од губење на позиции.
Се уште е неизвесно дали ќе биде променет само еден дел од моторот, за што санкцијата е „минус пет позиции“, или пак два или повеќе дела, што ќе донесе казна од десет места за водечкиот во генералниот пласман.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА