Нов проблем за Тухел – се повреди уште еден првотимец на Челси

Томас Тухел се соочува со се поголеми главоболки околу составот на Челси откако на листата на повредени играчи се најде и Матео Ковачиќ.

Германскиот стратег ниту за утрешното гостување во Њукасл нема да може да смета на Лукаку и на Вернер, но на денешната прес-конференција обелодени дека сега извесно време ќе мора да се снаоѓа и без помошта на Ковачиќ, кој беше стандарден во средниот ред од стартот на сезонава.

„Ковачиќ се повреди пред самиот крај на денешниот тренинг. Станува збор за проблем со мускулот, па сигурно ќе ги пропушти средбите до репрезентативната пауза, можеби и уште некој меч потоа“, изјави Тухел.

Хрватот нема да биде во комбинација за премиерлигашките дуели со Њукасл и со Барнли, за мечот од ЛШ против Малме, а неизвесно е и дали ќе може да и помогне на својата репрезентација на последните квалификациски средби за СП 2022, во кои „коцкестите“ ќе се сретнат со Малта и со Русија.

Се вчитува...