Нов расистички испад во Шпанија: Голман во физичка пресметка со навивач (ВИДЕО)

Голманот на шпанскиот третолигаш Рајо, Махадахонде Шеир Сар регираше со физички напад на навивач по расистичките навреди на негова сметка.

Голманот во еден момент од мечот на својот тим, не можејќи повеќе да се воздржи на расистичките навреди, го напушта голот и се впушта во физичка пресметка со противнички навивач на трибината зад својот гол. Се работи за навивачи на клубот Сестао Ривера во Баскија.

Сар без воздржување се впушти во тепачка со навивачите, но набрзо пристигнаа неговите соиграчи кои го тргнаа него а продолжија расправа со навивачите. Гостите во еден момент се повлекоа и од теренот, но натпреварот по одредена пауза сепак се доигра.

Сето ова се случува кога на фудбалските терени во Шпанија сериозно се зголемени расистичките напади на фудбалери. Добро е познато и дека асот на Реал Мадрид, Бразилецот Винисиус веќе со месеци се соочува со исти проблеми на неколку стадиони во Шпанија.

Се вчитува...