Нов рекорд: Ако сакаш во осминафиналето од ЕП, земи си Италијанец за селектор

Се е подготвено за нокаут фазата од ЕВРО 2024, а интересно е што од шеснасетте селекции кои остана во игра, дури четири доаѓаат од Италија.

Доколку пласманот на европскиот првак Италија во осминафиналето е очекуван, големо изненадување приреди Словачка, на чија клупа се наоѓа Франческо Калцона. Стратегот што ја заврши сезоната и како предводник на Наполи успеа да освои четири бода во групата со Белгија, Романија и со Украина, остварувајќи историски успех со словачката репрезентација.

Воедно, тој во директната пресметка го совлада сонародникот Доменико Тедескона чело на Белгија, но и двајцата Италијанци од оваа група сепак стигнаа до пласман во нокаут-фазата.

Серијата на успеси на италијанските стратези ја заокружи Винченцо Монтела, кој забележа две победи на трите меча со Турција во групата Ф, со што оваа репрезентација го освои второто место.

Единствениот италијански стратег кој беше дел од ова ЕП, а не успеа да се пласира во осминафиналето е Марко Роси, кој со Унгарија стигна до третото место во групата А, но немаше среќа по исходите во остатите групи, па неговата селекција прерано го заврши настапот на ЕВРО 2024.

Се вчитува...