Голем број на фудбалери на овогодинешното ЕУРО не се родени во земјата чии бои ги бранат на континенталното натпреварување во Германија. Дури 82 играчи од селекциите на учесниците на Европското првенство се родени надвор од државата за која настапуваат.
Тоа е 13 отсто од вкупниот број на фудбалери. Ова е пораст во однос на претходното ЕУРО, каде што 65 фудбалери (10,4%) играа за репрезентациите на земји без да се родени во тие земји.
Очигледно, се почестите миграции на луѓе и променливата демографска структура на земјите во Европа и како тоа се рефлектира во составот на националните тимови. Фудбалот, се разбира, не е единствениот спорт во кој се случува овој тренд. На тековното ЕУРО, интересно, учествуваат пет играчи родени на тлото на Јужна Америка, а седуммина се родени во Африка.
Посебен случај е Мајк Мањан, голманот на Милан и на француската репрезентација, кој е роден во земја која потпаѓа под територијата на Франција, иако е оддалечена илјадници километри од татковината – Француска Гвајана. Во оваа смисла, рекордер е албанската репрезентација која ја сочинуваат 26 играчи, од кои 19 се родени надвор од Албанија.
Повеќето од нив се од Косово, а останатите се родени во Македонија, Грција, Швајцарија, Италија, Шпанија, Германија и Англија. И Хрватска одлично се грижи за своите деца од дијаспората, па денес во сегашниот тим на Далиќ имаме дури осум играчи родени надвор од Хрватска.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА