Националната кошаркарска асоцијација на САД бележи нов рекорд по бројот на држави кои имаат свои претставници во НБА – лигата. Дури 42 држави имаат барем по еден играч од 30 тимови во лигата, од вкупно 108 интернационалци. Веќе четврта година во низа најелитното кошаркарско првенство има барем 100 интернационалци, а рекордот за најмногу странци во лигата е од минатата сезона, со вкупна бројка од 113 кошаркари.
Канада е прва држава по бројот на претставници, со вкупно 11 играчи низ ростерите, следува Франција со 10 кошаркари, австралиските играчи го изедначија нациналниот рекорд со осум кошаркари, додека Шпанија има седум. По пет претставници имаат Србија, Германија, Хрватска, Турција и Бразил.
Од оваа година поставен е нов рекорд и по бројот на европски кошаркари. До минатата недела се броеја вкупно 74 европски кошаркари, но по отказите на Раде Загорац, Бено Удрих и Џоел Боломбој, бројката се намали на 71.
Од тимовите, најмногу интернационалци имаат Торонто репторс и Јута џез (7), Бостон, Филаделфија и Сан Антонио бројат по шест, додека Далас, Денвер, Њујорк и Орландо во ростерите имаат по пет интернационални кошаркари.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА