Изненадувачки, со само два бода, македонската ракометна репрезентација влегува во пролетниот дел од евроквалификациите за пласман на првенството следната година. Разочарувачкиот пораз од Грција, не става во незавидна позиција во пресрет на двомечот против Исланд, најсилниот конкурент од нашата квалификациска група.
Новиот предводник на националниот тим, Данило Брестовац, треба да го донесе очекуваното освежување во составот, во филозофијата, во пристапот и во тактиката.
Брестовац на првата прес-конференција храбро најавуваше дека е подготвен за „рез“, сега потенцира дека е јасно дека нема доволно време за коренити промени, но едно е јасно – се очекува Македонија да игра добар ракомет и да забележи триумф во Скопје, на „територија“ каде долго важиме за „непобедливи“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА