Раул Гонзалес го одржа првиот тренинг како селектор на македонската ракометна репрезентација, свесен за големината на предизвикот пред него – одржување на континуитетот на настапи на големите натпреварувања, во случајов учество на ЕП 2018 во Хрватска. Тренерот на Вардар има неполни четири дена за да пренесе дел од своите тактички замисли врз ракометарите, па во четврток навечер Македонија под негово водство да ја реализира првата зацртана цел – да ја совлада селекцијата на Исланд за огромен чекор напред кон хрватска виза.
Предизвикот не е мал, но со шпанското ракометно знаење и македонскиот спортски инает сме минувале и поголеми пречки од Исланѓаните. Така нека биде и овојпат, за продолжување на македонската успешна ракометна приказна што трае со години наназад.
[new_royalslider id=”615″]
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА