По поразот во финалето од Суперкупот и отказот кој го доби тренерот Чаби Алонсо, Реал Мадрид доживеа нов шамар откако вечерва беше елиминиран во Копа дел Реј од нисколигашот Албасете кој славеше со 3-2.
Иако, „кралевите“ не играа со половина тим, сепак Арбелоа не смееше да дозволи неговиот тим да доживеа рана елиминација во најмасовното шпанско фудбалско натпреварување. Домаќините поведоа со 1-0 со голот на Вилар во 42. минута. На 1-1 израмни Мастантуоно во третата минута од судиското продолжение во првиот дел.
Ново водство за домаќините донесе Бетанкор во 82. минута (2-1), а Гонзало Гарсија барем за момент спречи срам израмнувајќи на 2-2 во 91. минута. Сепак, срамот се случи бидејќи големо славје за Албасете донесе Бетанкор кој со својот втор гол ги постави конечните 3-2.
Albacete [2] – 1 Real Madrid – Jefte Betancor 82'
byu/ayoefico insoccer
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

