Нов шок – Марадона сакал да биде балсамиран и изложен во музеј

Светот се уште е во тага по смртта на најдобриот фудбалер на сите времиња, Диего Армандо Марадона. Многу контроверзии се споменуваат со неговото име по смртта, а последно е дека тој побарал неговото тело да биде балсамирано и изложено во музеј, пренесуваат, аргентинските медиуми.

„Диего беше многу заинтересиран за значењето „Повеќе од жив“, вели негов близок пријател. Тој тоа го побарал некои 40 дена пред неговата смрт, но не очекувал дека толку брзо ќе го напушти светов.

Дека по неговата смрт телото ќе му биде балсамирано и изложено во музеј. Марадона бил воодушевен од мавзолејот на Црвениот плоштад во Москва каде е изложено телото на Ленин, а исто така бил и под влијание на одлуката за балсамирање на телот на Хуго Чавез.

Се вчитува...