Лука Дончиќ реализираше спектакуларен трансфер од Далас во Лос Анџелес Лејкерс кој го шокираше кошаркарскиот свет, а набргу би можеле да имаме нова „бомба“ од САД каде аналитичарите не исклучуваат нов трејд на словенечката ѕвезда.
Причината за тоа е актуелниот договор на Дончиќ кој ЛА Лејкерс го превземаа од Далас. Истиот е со важност до летото 2026 година, со опција да биде продолжен за една сезона, но со согласност на Словенецот.
Со оглед на тоа што Дончиќ не го одбра Лос Анџелес за дестинација не се исклучува можноста тој да одбие нов договор од оваа фрашниза со што Лејкерс би биле приморени веќе ова лето да бараат нова средина за својата ѕвезда во страв тој да не замине како слободен играч во 2026 година.
За да се спречи вакво сценарио, раководството на ЛА Лејкерс ќе се обиде до почетокот на месец август да добие продолжување на соработката со нов богат договор. Но, за потпис на истиот голема важност има и оваа сезона во која славниот клуб е на добар пат да избори директно учество во разигрувањето за титула.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

