Нов шок од Задар: И Борна Чориќ позитивен на Ковид-19, но и уште двајца тенисери

И покрај тоа што се уште траат тестирањата, или се очекуваат резултатите, за сите тенисери присутни на „Адрија тур“ во Задар, од Центарот за јавно здравје на Хрватска информираа дека позитивен на Ковид-19 е и хрватскиот тенисер Борна Чориќ.

Но, од Центарот за јавно здравје дополнуваат дека покрај Чориќ, позитивни се уште двајца тенисери чии имиња се уште не се објавуваат. А, позитивен е и кондицискиот тренер на бугарскиот тенисер Григор Димитров како и уште еден член од неговиот тим.

Останува да се очекуваат резултатите од тестовите и на сите останати тенисери. Во Задар синоќа и денеска реализирани се 1023 тестирања на сите блиски контакти со Димитров и неговиот тим. Единствено Новак Ѓоковиќ одбил да биде тестиран во Задар оставајќи тоа да го направи по враќањето во Белград. Финалето на „Адрија тур“ во Задар е откажано.

Се вчитува...