Ракометарите на данскиот шампион Алборг му гостуваа на Холстебро во рамките на данскиот шампионат, а гледачите и играчите повторно доживеаја вистински шок.
Натпреварот го судеше славната данска двојка – Јеспер Мадсен и Мадс Хансен, а во еден момент од мечот Мадсен колабирал во несвест, вторпат за нешто повеќе од две недели.
Не е познато зошто Јеспер Мадсен дури добил дозвола да му се суди, но истото повторно му се случило по 20 февруари. Тогаш колабираше на меч во Лигата на шампионите помеѓу Веспрем и Спортинг.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

