Нов шок во Серија Б: Фудбалер падна во бессознание, одложен мечот Лече – Асколи

Фудбалерот на Лече, Мануел Скавоне, падна во бессознание по само 30 секунди игра на мечот со Асколи од Серија Б. Тој падна како покосен на теренот, ирно регираше и медицинскиот тим, и тој е префрлен во болница.

Натпреварот е прекинат и одложен, а спортската јавност на Апенините се надева дека се ќе заврши добро и дека Скавоне ќе се опорави. Фудбалерите и стручниот штаб на Лече, како што информираат италијанските медиуми, веднаш се упатиле во клиниката за да му дадат поддршка на Мануел Скавоне.

Се вчитува...