Нов шок во светот на фудбалот: Познат судија доживеа срцев удар сред тренинг

Романскиот судија Овидију Хатеган, доживеа срцев удар и веднаш му е направена операција во неделата вечер во Темишвар. Нему му бил вграден стент, пишуваат романските медиуми.

Се наведува дека на Хатеган му се слошило а време на тренинг, почувствувал болки во градите, и со оглед на тоа дека и самиот е лекар, влегол во автомобилот и самиот возел во болница.

Откако му направиле ЕКГ преглед, на Хатеган му е дијагностицирана запушена вена, и во меѓувреме му е вграден стент. Во моментов се наоѓа во болница, а ситуацијата му е стабилна.

Хатеган стна познат по делењето на правдата на дуелот ПСЖ – Башакшехир која беше прекината поради расистички напади.

Судеше и на европското првенство одржано минатата година, а исто така требаше да биде делегиран и на престојниот Мундијал, но ова може да ги смени нештата. За македонската јавност е познат по тоа што го има судено квалификацискиот натпревар во 2015 година меѓу Македонија и Украина.

Се вчитува...