Капитенот на англискиот премиерлигаш Арсенал, Французинот Лорен Кошчиелни одбил да замине со тимот во САД на подготовките за новата сезона.
„Ние сме многу разочарани поради одлуката на Кошиелни, кој ги одби нашите инструкции. Во следните денови ќе ја разгледаме ситуацијата, а до тогаш не сакаме да даваме дополнителни коментари“, стои во соопштението на Арсенал.
Во лондонскиот клуб Кошчиелни пристигна во 2010 година, а за „топчиите“ забележа 255 натпревари на кои постигна 22 гола.
BREAKING: Laurent Koscielny has refused to travel to the USA with Arsenal for pre-season. pic.twitter.com/79F6LjEQkD
— Goal (@goal) July 11, 2019
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА