Нов шок за Јувенутс: Вчера им се повреди еден од главните играчи, паузира 2-3 месеци

Екипата на Јувентус и онака има голем број на проблеми поради повреда, а вчера во рамките од Лигата на шампионите останаа без уште еден од стандарните играчи.
Тренерот Масимилијано Алегри и онака не може да смета на Киелини, Бернардески, Ругани, Киеза и Дибала, а од вчера остана и без фудбалерот од средниот ред, Вестон Мекени.

Американецот мораше предвреме да го напушти теренот, а прегледите покажаа дека има скршеница на стопалото.

Според првите прогнози, Мекени ќе паузира помеѓу 8-12 седмици, односно 2-3 месеци.

На американскиот играч 10 минути пред крајот, остро стартуваше Еступинан, а интересно е дека судијата не досуди ниту прекршок за тој старт.

Се вчитува...