Нов шок за Конте: Тотенхем елиминиран од Мидлсборо во ФА Купот (ВИДЕО)

Слабата сезона на Тотенхем и натаму продолжува, откако екипата испадна од ФА Купот од Мидлсборо. Регуларниот дел заврши 0-0, па се пристапи кон продолженија во кои во 107. минута членот на Чемпионшип постигна гол и така се пласираше во следната фаза.

Голот вреден победа го постигна Кобурн кој влезе во продолженијата, и се покажа „фатален“ за фаворитот. Тотенхем во 120 минута имаше супер шанса, но не успеа да израмни и да се избори барем за пенали.

Ова се дополнителни проблеми за тренерот Антонио Конте кој и онака е под притисоки пред отказ од лондонскиот тим по слабите резултати откако стигна во Тотенхем.

Претходно во 1/4 финалето се пласираа и Манчестер Сити кој го совлада тимот на Питерборо со 0-2, и Кристал Палас кој беше подобар од Стоук со 2-1.

Се вчитува...