Нов шок за Манчестер Јунајтед, пресврт-победа на Челси, Арсенал го одложи шампионското славје на Ливерпул (ВИДЕО)

Само неколку дена по големата победа и пласманот во полуфиналето на Лигата на Европа после продолженијата, Манчестер Јунајтед продолжи да ги разочарува своите фанови во Премиерлигата. Денеска „Црвените ѓаволи“ за губија на домашен терен од Вулверхемптон со 0-1.

Како што и најави тренерот Аморим, настапи со втор состав во дуелот со „волците“, кои преку Сарабија во вториот дел ги однесоа трите бода од „Олд Трафорд“. Сарабија успеа да го совлада Онана со прекрасен гол од слободен удар.

Тимот на Арсенал го одложи шампионското славје на Ливерпул, победувајќи го Ипсвич со убедливи 0-4 на негов терен. Уште во 28. минута „топчиите“ имаа предност од 0-2 со головите на Тросар и Мартинели. Во вториот дел Тросар со уште еден гол донесе 0-3, а конечниот резултат го постави Нванери. 

Голем триумф во битката за Лигата на шампионите оствари тимот на Челси. Иако имаа негатива, лондонските „сини“ во второто полувреме успеаја да дадат два гола, и да дојдат до победата со 1-2. Ивоби го донесе тимот на Фулам во предност, но во самиот финиш Џорџ израмни, а потоа Педро Нето во судиското надополнување се погрижи за три бода на некогашниот првак.

Се вчитува...