Нов „шок“ за Обамејанг: Голгетерот не отпатува во Дубаи со тимот, замина играч кој нема договор со Арсенал

Напаѓачот Пјер Емерик Обамејанг и натаму не е во плановите на Арсенал. Откако беше суспендиран од страна на тренерот Микел Артета, стигна нов шок за голгетерот кој покажува дека и дефинитивно Ганобецот може да си бара нова средина.

Во отсуство на информации околу неговата иднина во последно време, напаѓачот не беше вклучен меѓу играчите кои отпатуваа со тимот на мини подготовки во Дубаи, поради паузата во Премиер-лигата. Наместо тоа ќе оди Џек Вилшир, кој нема договор со клубот, и само тренира со „топчиите“.

„Телеграф“ пренесува дека Артета имал средба со сопственикот Стен Кроенке, каде разговарал за нови засилување, но и за заминување на Габонецот.

Наводно Арсенал како негова замена веќе го „пикирал“ Александар Исак од екипата на Реал Сосиедад.

Се вчитува...