Нов шок за Србија: По смената на Пикси, уште петмина играчи не патуваат во Андора

Српската репрезентација преку ноќ претрпе големи промени. По поразот од Албанија во Лесковац вчера, екипата веќе се подготвува со нов селектор за дуелот со Андора во вторник.

Јасно е дека Србија ќе биде предводена од Зоран Мирковиќ како в.д. селектор, до наоѓање на трајно решение, а сега покрај смена на селекторот, и составот на репрезентацијата претрпе измени.

Покрај селекторот Стојковиќ, репрезентацијата ја напушти и целиот стручен штаб кој работеше со него. Сега во Андора нема да патуваат ниту петмина играчи.

Станув азбор за Никола Миленковиќ, Лука Јовиќ, Предраг Рајковиќ, Андрија Живковиќ и Драган Росиќ. Тие не се најдоа на списокот на патници поради повреди, исцрпеност и температура, а дополнителни повици добија Лука Лијескиќ од Раднички Крагујевац, Вук Драшкиќ од Црвена Звезда и Михајло Цветковиќ од Андерлехт.

Се вчитува...