На проблемите на српската кошаркарска репрезентација им нема крај откако денеска беше обелоденето дека Мирослав Радуљица нема да биде во комбинација за настап на Евробаскет 2017. Центарот кој редовно беше меѓу клучните играчи на српскиот национален тим се мачеше со повреда на коленото, лекарите уверуваа дека не станува збор за ништо посериозно, но деталните прегледи покажаа дека станува збор за проблем поради која центарот ќе го очекува пауза од неколку месеци.
Србија денеска патува на турнир во Германија, каде за противници ќе ги има селекциите на Полска, Русија и домаќинот Германија. Во отсуство на Радуљица, центарската позиција во таборот на нашиот северен сосед ќе ја пополнат Кузмиќ, Марјановиќ и Штимац.
Само за потсетување, селекторот Ѓорѓевиќ од самиот почеток на подготовките остана без помошта на Јокиќ, Милутинов, Дангубиќ, Стефан Марковиќ, а крајно неизвесно е дали Немања Недовиќ ќе се рехабилитира од својата повреда и ќе може да помогне на Евробаскет 2017.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА