Нов шок за светот на спортот: На 29 години почина светски атлетски шампион!

Само два дена откако на 46 години почина кошаркарскиот тренер Дејан Милојевиќ, нова тажна вест од светот на спортот. Почина 29-годишниот Шон Барбер, светскиот атлетски шампион од 2015 година во скок со стап.

„Трагично е да се загуби така добра личност и на таа возраст“ – соопшти неговиот агент По Дојл.

Американските медиуми пренесуваат дека Барбер починал по медицински компликации, но не е познато детално за што се работи.

Барбер пред десет години во Пекинг прескокна 5,90 метри и го освои златниот медал што беше извонреден успех за него, со најава за богата кариера. Беше и канадски рекордер во скок со стап, но мораше да успори со кариерата поради здравствени проблеми.

„Морам сега да се посветам на личните проблеми, повредите, семејството, и уште многу нешта кои мора добро да ги проценам“ – изјави тоа пред три години.

Се вчитува...