Грција ја тресе голема финансиска криза кога е фудбалот во прашање. Фудбалерите на Панатинаикос одбиле да го одработат тренингот поради неподмирени обврски од страна на раководството на клубот. Грчките медиуми информираат дека некогашниот гигант сега се наоѓа во многу лоша финансиска ситуација, а фудбалерите стапија во штрајк.
„Зелените“ немаат земено плата од октомври минатата година, а во ултиматумот кој го имаат дадено до претседателот Василис Константину стои барем да ги добијат трите заостанати плати од 2017 година.
Панатинаикос неодамна остана и без три бода поради неисплатен долг од 500.000 евра кон Германецот Јенс Вемер. Сопственикот Јанис Азалуфос најверојатно кренал раце од клубот, па сега се бара решение за новонастаната ситуација.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА