По првиот ден од Мундијалот, колку и да не му се допадна на домаќинот или на ФИФА, фотографиите од празните столчиња на стадионот го обиколија светот. Ништо на таа слика не се смени ни вториот ден. Но, ФИФА има различни податоци.
Светското првенство беше отворено со дуелот меѓу Катар и Еквадор (0-2), на стадионот „Ал Бајт“, кој има капацитет од 60.000 седишта.
Во извештајот на ФИФА од натпреварот се наведува дека натпреварот го следеле 67.370 гледачи. И сите што го следеа натпреварот видоа голем број празни седишта.
А потоа еден ден подоцна повторно истото. Според податоците на ФИФА, натпреварот помеѓу Сенегал и Холандија (0-2) го следеле 41.721 гледач. И тоа е убава бројка, нели? Проблемот е ист како и со дуелот меѓу Катар и Еквадор. Капацитетот на стадионот Ал Тумама е 40.000.
Значи, повторно, веќе имаме повеќе гледачи отколку седишта на стадионите. И повторно, на фотографиите се гледаат многу празни столчиња на трибините.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА