Дури и кога Винисиус Јуниор е повреден, успева да го привлече вниманието на шпанските медиуми. Бразилецот го пропушти натпреварот помеѓу Ливерпул и Реал Мадрид во Лигата на шампионите на „Енфилд“.
Но, со објава на Инстаграм покажа дека тешко го доживеа поразот, но направи и скандал.
Винисиус бил снимен како го гледа натпреварот во Мадрид, а на екранот на неговиот телевизор можело да се види логото на ТНТ Спортс од Бразил. Ова предизвика реакција од Ла Лига, која испрати жалба до Реал Мадрид за прекршување на правата на крилниот играч.
Тие сметаат дека Бразилецот се занимава со пиратерија, и дека не го користел вистинскиот канал за следење на ЛШ, односно каналот Мовистар.
Останува да се види каква штета ќе претрпи овој потег на Бразилецот, кој одново е во центарот на вниманието.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА