Нов скандал пред стартот на ЛОИ – Ограбен легендарниот Зико среде Париз

Легендарниот бразилски фудбалер Зико бил ограбен во Париз, пренесуваат француските медиуми. Зико отпатувал за Париз како член на олимписката делегација на Бразил и бил ограбен во четвртокот вечерта додека го напуштал хотелот и влегувал во такси.

Со себе имал часовник Ролекс, дијамантско ланче и пари во актовка, кога еден разбојник му го одвлекол вниманието на таксистот, а друг ја украл торбата од задното седиште. Се проценува дека работите во чантата вределе околу половина милион евра.

Официјалните лица веднаш реагирале и започнале истрага за лоцирање на сторителите на кражбата, а истрагата е под раководство на Француската бригада. Зико важи за еден од најголемите фудбалери на сите времиња. Неговата кариера траеше од раните 1970 до раните 1990, а најголемиот белег го остави во Фламенго.

Се вчитува...