Претседателот на Светската фудбалска федерација (ФИФА), Џани Инфантино, повторно се најде во средиштето на нови контроверзи.
Според пишувањата на францускиот „Монд“ и американскиот весник „Њујорк тајмс“, ФИФА ги плаќала даноците во САД за Инфантино за 2024, 2025 и 2026 година. Сумата која ФИФА ја платила на американските даночни власти изнесува дури четири милиони долари.
Поради организацијата на Светското првенство кое изминатото лето се одржа во САД, Канада и Мексико, ФИФА воведе „посебен финансиски третман“ за своите вработени на пониски позиции, и кој не ги опфаќал високите функционери како Инфантино.
Тоа е механизам на финансиско порамнување со цел вработените кои биле преселени во САД да не бидат финансиски оштетени или привилегирани во однос на колегите од другите земји.
Според двата весници, овој систем не требало да ги опфати високите функционери, но одбор на ФИФА за одредување на платите на функционерите му одобрил на Инфантино да биде дел од овој систем во 2024 година.
Дополнителен проблем за ФИФА и Инфантино претставува тоа што оваа одлука не била запишана во официјалната документација на светската куќа на фудбалот.
Новиот скандал доаѓа во време кога Инфантино се обидува да го обезбеди потребното мнозинство на гласови за добивање на нов мандат за претседател на ФИФА. Изборите на избор на претседател се закажани за 18 март идната година и засега ИНфантино е единствениот кој официјално поднесе кандидатура.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
