Нов скандал го тресе фудбалот, после обложувачката афера во Италија. Фудбалерот на Монца, Папу Гомез, кој стана светски првак со Аргентина во Катар во 2022 година, падна на допинг тест и му се заканува суспензија од две години.
Гомез од Севилја ова лето се пресели во таборот на Монца. Шпанскиот клуб предвреме му го раскина договорот, а тој се врати во Италија. Во минатото играше и за Аталанта.
Инаку според информациите тестот бил направен во ноември 2022 година, пред да настапи за Аргентина на Мундијалот во Катар, каде со неговата селекција на крајот дојде до пехарот.
Играчот наводно се вадел дека користел сируп на едно од неговите деца, кој ја содржел забранетата супстанца.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

