Раководни лица во италијанскиот великан Јувентус се оптужени за измама и би можеле да се соочат со судење за наводно лажирање на финански извештај, пренесуваат медиумите во Италија.
Главниот торински обвинител, Ана Марија Лорето испрати барање претседателот на Јувентус, Андреа Ањели да биде во домашен притвор, но тој предлог беше одбиен. Вкупно 16 вработени во италијанскиот великан се наоѓаат под истрага, а покрај Ањели, се сомнева да во криминалните активности учествувале и потпретседателот Павел Недвед, извршниот директор Маурисио Аривабене и поранешниот директор Фабио Паратичи кој сега работи во Тотенхем.
Јувентус е обвинет дека во 2018, 2019 и 2020 година на сомнителен начин стигле до приходи. Меѓу останатото обвинителството наводно има докази дека играчите на „старата дама“ не се одрекле од дел од приходите за време на пандемијата од коронавирусот, а клубот пријавил како им ги намалил примањата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА