Минаа само неколку дена откако играчот на Јувентус, Пол Погба падна на допинг тестот, а потоа беше потврдено дека е позитивен на допинг, по што му се заканува долга суспензија, во тимот од Торино има нова афера.
Италијанските медиуми откриваат дека Николо Фаџоли, играчот на „бјанконерите“ наводно се обложувал на нелегални платформи, што е забрането со закон во Италија.
Коцкањето не е кривично дело, но забрането е обложувањата да се вршат во обложувалници надвор од италијанските закони, а што е најлошо, строго е забрането да ги прават професионални фудбалер, учесници во натпреварувањата достапни за кладење.
Истрага против Фаџоли почнал државниот обвинител Мануел Педрота, а играчот на Јувентус бил „под лупа“ веќе неколку месеци. Со постапката се запознати и адвокатите на Јувентус, а сега останува Фаџоли да потврди дали стои зад овие обвинувања.
Италијанските медиуми пишуваат дека ако се покажат наводите за точни, тогаш на фудбалерот може да биде парично казнет, а му се заканува и суспензија од три години.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

