Најдобриот македонски тенисер, Калин Ивановски забележа нов АТП ранг листата, каде напредуваше за 16 позиции. Најдобриот македонски тенисер во моментов се наоѓа на 478. место на ранг-листата.
Овој пласман му го донесе минатонеделното финале на фјучрсот во Тунис и иако оваа недела не настапи на ниеден турнир тој забележа нов најдобар пласман во кариерата.
Следна цел на нашиот тенисер е да влезе во топ 400 на АТП листата. На врвот нема промени. Новак Ѓоковиќ се уште е прв, a во топ се наоѓаат и: Карлос Алкараз, Стефанос Циципас, Каспер Руд и Андреј Рубљов.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

