Нов случај на коронавирус во српскиот фудбал – Звездан Терзиќ позитивен на Ковид-19

Генералниот директор на Црвена Звезда, Звездан Терзиќ е заразен со коронавирус. Терзиќ се тестирал, а резултатите покажале дека е позитивен на Ковид-19.

„Позитивен сум на Ковид-19. Тоа е резултат кој го добив денеска по вчерашното тестирање. Во саботата пред прославата на титулата се тестирав и тестот тогаш беше негативен. Меѓутоа последние два дена имав покачена температура и вчера повторно направив тест кој покажа дека е позитивен. Во моментов сум дома и се чувствувам подобро. Се надевам дека за неколку дена се ќе биде океј“, изјави Терзиќ за српски „Курир“.

За потсетување, Црвена Звезда пред неколку дена испрати соопштение во кое ја информираше јавноста дека пет фудбалери на клубот се позитивни на Ковид-19.

Се вчитува...