После повеќе од петчасовниот спектакл во првото полуфинале на Австралија Опен, одличен меч одиграа и Новак Ѓоковиќ и Јаник Синер, кој беше решен во пет сета и на крај победа на Србинот со 3-2, за 11-то финале во Мелбурн.
Синер имаше двапати водство, од 1-0 и 2-1, но на крајот не можеше да парира на одличниот сервис на Ѓоковиќ, кој беше негово најсилно оружје во текот на мечот.
Првиот сет 6:3 за Синер и целосна доминација. Ѓоковиќ вториот сет го доби со 6:3, а потоа следуваше уште еден добиен сет на Синер со 6:4. Ѓоковиќ врати во иста мера во четвртиот сет.
Во одлучувачкот сет Ѓоковиќ дојде до брејк и поведе со 4:3. Синер имаше шанса да врати брејк имаше 40:0, но Србинот успеа да се врати и да поведе со 5:3. Синер намали на 5:4, и Ѓоковиќ имаше сервис за финале.
Одлично отворање на Ѓоковиќ и водство од 30:0 во решавачкиот гем. Синер за момент се врати на 30:15, но со агресивен пристап српскиот тенисер стигна до две меч топки. Првата не ја искористи, а Синер остана во игра за сензација. Италијанецот успеа да израмни и да ја продолжи драмата, иако Ѓоковиќ имаше одлична можност која не ја искористи. Далеку подобра концетранција Новак имаше во продолжението каде со два врзани поени дојде до пласман во финалето.
Ѓоковиќ во финалето ќе игра со Карлос Алкараз кој претходно го совлада Александар Зверев.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

