ЕКИПА како специјализиран портал кој повеќе од една деценија информира за македонскиот спорт, воден од интенцијата за нова посериозна промоција на македонскиот спорт, реализира нов проект во медиумскиот простор во Македонија.
Стартуваме со специјализиран спортски подкаст „ПРЕСИНГ“, проект кој е наменет за навраќање на спомените од минатото, анализа на актуелните состојби во мак-спортот, како и размена на предлози и визии за негов развој во иднина. И сето тоа, директно, отворено, па ако е неопходно и контроверзно!
Подкаст воден од најголемите македонски спортски легенди кои ќе ја имаат улогата на ко-водители во овој проект. Лица кои се вистински амбасадори на Македонија надвор од овие граници, со повеќе од богата биографија зад себе, овој пат и во една малку поинаква улога, заедно со своите соговорници со совети за вистинското добро на македонскиот спорт.
Во првата емисија на ПРЕСИНГ улогата на ко-водител, покрај нашиот новинар Горан Бошев, ја има Дарко Панчев, најдобриот македонски фудбалер на сите времиња, а чиј гостин е селекторот на фудбалската репрезентација на Македонија, Благоја Милевски.
НА САМИОТ СТАРТ ОД КВАЛИФИКАЦИИТЕ ЗА СП 2026, ВО ПРВАТА ЕПИЗИДА НА „ПРЕСИНГ“, ДАРКО ПАНЧЕВ И БОБИ МИЛЕВСКИ ВО ОТВОРЕНИ РАЗГОВОРИ ЗА…
...Се што се случува во македонската репрезентација… Колку големите, некогаш нереални, очекувања на јавноста го оптоваруваат националниот тим… За тимот пред поединецот и неопходниот „рез“ во репрезентацијата!
За (не)аргументираните критики од јавноста! За недвосмислената поддршка која ја доби и од новото раководство на ФФМ!
За малиот избор на репрезентативци од домашната лига! За (не)квалитетот на клупскиот фудбал!
Време ли е и државата поактивно да се вклучи со поддршка на фудбалот?
Кои двајца фудбалери со македонско потекло од странство во моментов се следат и во иднина би можеле да го носат македонскиот дрес?
За периодот во Црвена Звезда кога и Дарко Панчев и Боби Милевски во исто време се најдоа во еден од најдобрите клубови од Југоисточна Европа!
За светските фудбалски теми, за „украдената“ Златна топка на Дарко Панчев, и дали Винисиус Жуниор заслужува или не да биде избран за најдобар фудбалер во светот!
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА