Македонија ќе биде домаќин на уште еден масовен спортски настан, откако нашата земја ја доби организацијата на Спортските игри за млади, чиј покровител е Минитерството за спорт на наѓата земја.
За утре е закажана прес-конференција на која ќе се обелоденат повеќе детали за овој настан, а во видео-најавата за Спортските игри свои видео-пораки испратија легенди од регионот како Жељко Обрадовиќ, Горан Иванишевиќ, Славен Билиќ…
Спортските игри за млади ќе се одржат од април до јуни 2025 година. Натпреварите ќе се одвиваат во 10 спортови – мал фудбал, одбојка, одбојка на песок, ракомет, кошарка 3х3, тенис, пинг-понг, шах и атлетика (трки на 60 метри и граница), за момчиња и девојчиња.
Со приклучувањето кон „Спортските игри за млади“, Македонија станува дел од регионалното спортско семејство во кое веќе членуваат Хрватска, Словенија, Србија и Босна и Херцеговина.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

