Нов срам за Јунајтед: Евертон со фудбалер помалку, преку ЕВРОГОЛ до три бода на „Олд Трафорд“ (ВИДЕО)

Евертон приреди сензација во последниот натпревар од 12. коло од Премиерлигата славејќи на „Олд Трафорд“ против Манчестер Јунајтед со 0-1 и тоа со фудбалер помалку благодарение на евроголот на Дузбери-Хол.

Евертон остана со фудбалер помалку на теренот во 13. минута од средбата кога директен црвен картон доби Гаје поради конфликт со соиграч, но и тоа не беше доволно за Манчестер Јунајтед да стигне до предност.

Во 29. минута Дузбери-Хол го шокираше „Олд Трафорд“ со фантастичен слалом и еврогол кој долго ќе се памети за гостинска предност, а „црвените ѓаволи“ немаа „муниција“ за одговор до крајот на средбата.

Се вчитува...