Екипата на Наполи продолжува со катастрофалните резултати во новата сезона. Иако е актуелен првак, сепак, тимот од Неапол не личи на себе после минатосезонскиот сјај кога ја освои титулата во Серија „А“, а сега се соочува со можноста да не излезе во Европа идната сезона.
Емполи успеа да го совлада актуелниот првак, со гол на Чери уште во 4. минута. И покрај обидите на гостите да дојдат барем до бод, сепак не успеаја да дојдат до него.
Емполи со тоа освои значајни бодови за опстанок, додека Наполи се чини дека веќе нема шанси за ЛШ, и сега треба да се фокусира само кон излез во Лигата на Еворпа или во Лигата на Конференции.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА