Нов Србин на голот на Челси

Голема е веројатноста дека летото ќе донесе нова промена на голот на Челси со оглед на високите очекувања на Енцо Мареска кои не ги исполнуваат Роберт Санчез, Филип Јоргенсен и Џорџе Петровиќ.

Стратегот цели на голман кој е стабилен и во игра со топка па со таа цел на листата на желби го постави српскиот голман на Рома, Миле Свилар.

Своевремено еден од најталентираните голмани со успех настапува во дресот на „волчицата“, но и покрај тоа се помалку веројатно е дека ќе остане во главниот град на Италија со оглед на големите финансиски барања.

Рома и Силвар беа пред продолжување на соработката, но посакуваната плата од четири милиони евра по сезона кој претставува голем проблем за италијанскиот тим, не е проблем за Челси.

Се вчитува...