25-годишниот напаѓач Филип Петровиќ е нов член на битолски Пелистер. Битолчани добија уште еден Србин со цел поуспешна пролетна полусезона и опстанок во ПМФЛ.
Петровиќ доаѓа од екипата на Раднички Пирот, а во минатото бил дел од Свилајнац, Мешево и Раднички Крагујевац.
Претходно Пелистер се засили со неговите сонародници Лука Милојевиќ и Милан Србијанац, а исто така екипата се засили со Кире Ристевски и Томче Гроздановски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

