Нов супер-трејд во НБА: Батлер потпиша кај Кари во Голден Стејт

Џими Батлер подолго време беше незадоволен во тимот на Мајами, главниот играч на „жешките“ дури доби и суспензија од клубот поради инсистирањето да му биде дозволено да ги смени клупските бои, за пред самиот крај на преодниот рок тој на крајот сепак да си замине од Флорида. Голден Стејт вориор ќе биде новиот клуб на Џими Батлер откако 35-годишниот ас беше дел од размената во која учествуваа четири клубови, за да му се исполни желбата крај себе да има уште една суперѕвезда(Стеф Кари) со која би се борел за титулата.

Батлер имаше загарантирани 50 милиони долари за оваа сезона, а со Голден Стејт потпиша договор до крајот на наредната сезона за вкупно 111 милиони долари. Со тоа, „воините“ ќе станат пети клуб во кариерата на Џими Батлер, кој претходно ги бранеше боите на Чикаго, Минесота, Филаделфија и Мајами.

Со „трејдот“ во кој Батлер заврши меѓу „воините“, Мајами ги доби Ендрју Вигинс, ПиЏеј Такер, Кајл Андерсон и пикот од првата рунда на драфтот на Голден Стејт за оваа година, Јута во своите редови го донесе Денис Шредер, додека Детроит пистонс се засилија со Џош Ричардсон, Линди Вотерс и избор на втората рунда од драфтот.

Се вчитува...