Нов светски рекорд на австралиската пливачка супер-ѕвезда

Австралиската пливачка суперѕвезда Моли О’Калахан оствари уште еден фантастичен резултат, уривајќи го светскиот рекорд на 200 метри слободно на трката во 25-метарски базен на Свветскиот куп во Вестмонт.

О’Калахан исплива перфектна трка минувајќи ја делнницата за време од 1:49,77, уривајќи го рекордот што од 2021 година беше сопственост на Сиобан Хоуги (1:50,31). Австралијката досега има осум олимписки медали, воедно е и двократна светска шампионка на 100 и на 200 метри слободно.

Неколку часа по одличното издание на О’Калахан, 23-годишната Американка Реган Смит го израмни сопствениот светски рекорд на 100 метри грбно, со време од 54,02 секунди.

Се вчитува...