Нов светски рекорд на Реган Смит

Американската пливачка Реган Смит постави нов светски рекорд на 200 метри грбно.

За само два дена Смит постави два нови светски рекорди. Откако постави магично време од 54.27 на 100 метри грбно, Смит блесна и на 200 метри.

Таа ја заврши трката со фасцинантни 1:58,83 минута што сега е нов светски рекорд за 0,11 секунди побрзо од рекордот кој важеше од ноември 2020 година и го држеше Кајли МекКеон од Австралија.

Второто место на трката го зазеде Анастасија Шкурдаи (2:01.63), додека трета Јона Андерсон (2:01.98).

Се вчитува...