Формула 1 шампионатот повторно се соочува со поместување на почетокот од сезоната со оглед дека е откажана уште една осма, досега трка. Поради коронавирусот одложено е натпреварувањето во Азербејџан кое беше предвидено за 7. јуни и со кое требаше да биде означен стартот на шампионатот.
Сега првата трка во првенството треба да биде канадското Гран при меѓутоа закажано за 14. јуни, но и ова се доведува во прашање особено што Канада е првата држава која објави дека ги повлекува спортистите од Летните олимписки игри во Токио.
Претходно одложени беа и трките во Австралија, Бахреин, Виетнам, Кина, Холандија и во Шпанија, а комплетно беше откажана трката во Монако. Челниците на Ф1 се обидуваат да направат адекватен календар и да најдат термни за одложените натпреварувања. Потребни се најмалку осум трки за да се одржи регуларна Формула 1 сезона.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА